Затвореници депортирани во Ел Салвадор/Фото: EPA-EFE/Presidency of El Salvador / HANDOUT

САД во Ел Салвадор депортираа уште 10 мигранти, членови на банди

Американските власти депортираа уште десет лица во Ел Салвадор, кои ги претставија како членови на криминалните организации Мара Салватруча (МС-13) и Трен де Арагва, објави американскиот државен секретар Марко Рубио преку платформата Икс.

„Синоќа во Ел Салвадор пристигнаа уште 10 криминалци од странските терористички организации МС-13 и Трен де Арагуа“, напиша Рубио.

„Сојузот“ меѓу Трамп и претседателот Букеле е „пример за безбедност и просперитет“ во Централна и Северна Америка, додаде тој.

Наркокриминалните кланови МС-13 и Трен де Арагва се банди присутни во различни земји на американскиот континент. Првиот е основан од салвадорски имигранти, вториот во Венецуела.

Во март, повеќе од 250 луѓе веќе беа депортирани од САД во Ел Салвадор, а повеќето од Вашингтон беа обвинети за припадност на банди кои администрацијата на Трамп ги означи како „терористички“ организации.

Меѓу нив беше и Килмар Амброго Гарсија, имигрант од Салвадор, оженет со Американка, татко на мало дете, кој сега е во затвор со максимална безбедност – тој беше неправедно депортиран.

Белата куќа продолжи со оваа прва масовна депортација според законот за „непријателски странци“ од 1798 година, кој до минатиот месец се применуваше само во војни. Трамп му честиташе на претседателот на Ел Салвадор Букеле за нивниот прием и сместувањето во затворите.

Салвадорскиот претседател понуди да ги затвори луѓето депортирани од САД за одредена сума во огромниот затвор CECOT, кој има номинален капацитет од 40.000 места и беше посетен од американската секретарка за домашна безбедност Кристи Ноем кон крајот на март.

Организациите за човекови права ги осудуваат екстремно суровите услови за притвор во овој затвор, симбол на контроверзната „војна“ на претседателот Букеле против бандите во неговата земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот