Фото: Инстаграм/sabrinacarpenter

Сабрина Карпентер го претстави новиот долгоочекуван парфем: „Me Espresso“

Сабрина Карпентер штотуку го претстави најновиот парфем со звучното име „Me Espresso“. Парфемот го носи името по нејзината песна „Еспресо“, која го одбележа ова лето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sabrina Carpenter (@sabrinacarpenter)

Овој парфем ги комбинира богатите ноти на какао во прав и зрна еспресо со сензуалната привлечност на јасмин и ванила. Бисквитите со путер додаваат слатка нота, додека финишот со карамела, шеќерен килибар и шлаг му додава топлина на мирисот. И овој парфем е гурмански како и другите од палетата на Сабрина.

Сабрина парфемот го претстави на својот Инстаграм. Во описот на објавата таа стави реплика од песната Еспресо: „Мека кожа и ја намирисав за тебе“.

„Едвај чекам да мирисам на песна номинирана за Греми“, „Ми требаат 14 од нив, сега“, „Сè уште се обидувам да ги дофатам карамелата и црешата“, „Сакам што има нота на бисквит“, „Едвај чекам да го мириснам“, „Ми треба многу“, се дел од коментарите на нејзината објава.

Парфемот моментално е достапен само во САД и не е познато кога ќе биде достапен во други земји, вклучително и овде. Шише од 75 мл чини 59,99 долари во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот