Сабота е резервирана за ново пошумување над велешко езеро „Младост”: Засадување на 12.000 садници на површина од десет хектари

Фото: veles.gov.mk

Општина Велес во сабота на 12 декември ќе организира граѓанска акција за пошумување на опожарениот дел на Езерото „Младост” пришто се планира да се засадат 12.000 садници на површина од десет хектари.

Во акцијата ќе  учествуваат вработените во Општина Велес, јавните претпријатија и други општински институции и Здруженија на граѓани. Од Општина Велес ги повикува сите граѓани да се приклучат и дадат придонес за враќање на шумата над велешко езеро „Младост” што беше опожарена во големиот шумски пожар во август во 2019 година.

Општина Велес обезбеди и бесплатни автобуси што ќе тргнуваат во 10.15 часот на автобуска постојка спроти „Пан такси” и во 10.30 часот на ул. „Гоце Делчев” спроти Основен суд. Зборно место за учесниците кои ќе дојдат со сопствен превоз е на првите летниковци на Eзeро „Младост” во 11 часот.

Од Општина Велес потенцираат дека носењето маска и држењето дистанца се задолжителни. Информираат дека бројот на места во автобусите ќе биде ограничен, согласно протоколите за заштита од ковид-19.

Инаку во минатогодишната акција за пошумување на опожарените површини која се одржа на 28 декември, на 10 хектари беа засадени 13.700 садници од дрвца. Како што информираат од Општина Велес, најголем дел од дрвцата се зафатени и добро напредуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот