Русковска проверува дали некој го продавал исказот на Милески

Одделот за организиран криминал и корупција со кој раководи Вилма Русковска започнал детална истрага за да се утврди дали некој од вработените навистина успеал да дојде до исказот на Зоран Милески, второтосомничен во аферата „Рекет“ и по телефон, наводно, да го понуди за продажба на адвокат на еден од осомничените во овој случај.

Како што велат од ОЈО за „Слободен печат“ се проверува бројот од кој е контактиран адвокатот, безбедносните камери околу просторијата каде е архивиран исказот во предметот, а сите наоди од проверките ќе му бидат дадени на надлежен обвинител.

Како што веќе објави „Слободен печат“ машко лице се обидело за паричен надоместок, да го продаде исказот на Зоран Милески второосомничен во аферата „Рекет”.

Бојан Јовановски е првоосомничен во случајот „Рекет”, Милески е второосомничен, а поранешната специјална обвинителка Катица Јанева е третоосомничена во „Рекет”.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот