Руски беспилотни летала продолжуваат да ги тероризираат градовите во Украина продолжуваат

ФОТО, принтскрин Twiter- Руски дрон

Руските сили продолжуваат со нападите на Киев со беспилотните летаа. Како што пренесуваат агенциите денеска повторно го нападнаа јужниот дел на украинскиот регион Миколајев со беспилотни летала камикази, објави украинската војска. Повеќе од една недела воздушни напади уништија речиси една третина од електричните централи во Украина и ја прекинаа електричната енергија во повеќе од 1.000 градови и населени места.

И покрај последователните бранови руски напади врз цивилни и инфраструктурни цели, нејзината војска вчера призна дека ситуацијата е „напната“ на бојното поле и дека нејзините трупи биле под постојан украински напад во некои области. Јужната команда на украинската војска денеска соопшти дека нејзините сили собориле 12 беспилотни летала во текот на ноќта. Руските напади претходниот ден погодија електрана во Киев, при што загинаа три лица.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно синоќешно обраќање рече дека руските воздушни напади во изминатата недела уништиле 30 отсто од електраните во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот