Полска соборени руски дронови EPA/WOJTEK JARGILO POLAND OUT

Руската армија тврди: Дострелот на беспилотните летала што наводно ја преминале полската граница не надминува 700 км

Руското Министерство за одбрана денес објави дека дострелот на беспилотните летала што наводно ја преминале границата со Полска не надминува 700 километри.

„Максималниот дострел на летот на руските беспилотни летала што се користеле во нападот, кои наводно ја преминале границата со Полска, не надминува 700 километри“, изјави Министерството, пренесува Интерфакс.

Руското Министерство за одбрана објави дека е подготвено да одржи консултации со полското Министерство за одбрана.

Оперативната команда на полските вооружени сили претходно објави дека е спроведена операција за неутрализирање на беспилотните летала што го нарушиле полскиот воздушен простор.
Полските и сојузничките авиони на НАТО беа предупредени и ги соборија беспилотните летала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот