Русите тврдат дека постигнале „значителен напредок“ во јужна Украина

Фото: EPA-EFE/STRINGER

Руската војска постигна „значаен напредок“ во регионот Запорожје, на југот на делумно окупирана Украина, изјави прорускиот гувернер Евгениј Балицки.

„Руските сили ги редат нападите долж фронтот по неуспехот на големата летна контраофанзива на Украина и во време кога западната воена помош за Украина е доведена во прашање. Нашите единици напреднаа значително североисточно од Новопокривка. Ситуацијата е постојано напната, но нашите момчиња не само што ги држат одбранбените линии, туку и постепено се подобруваа“, напиша Балитски на Телеграм.

Тој исто така рече дека украинската страна претрпела „тешки загуби“. Новопокривка е село лоцирано северо-источно од Роботин, кое во август беше окупирано од украинската страна со надеж дека ќе ја пробие зоната преку која ќе стигне до Азовското Море. Украинската страна, пак, извести дека ги одбила руските напади во споменатото подрачје, не наведувајќи никакви детали.

Украинската армија потврди дека се уште се водат борби кај Новопокривка, Авдивка и Бахмут и во целата област Маринка и дека украинските сили се спротивставуваат на руските напади. На север, украинската војска објави дека спречила четири руски напади врз Купјанск и осум напади врз Лиман. По руската окупација во септември 2022 година, овие области беа вратени под контрола на Киев. Херсон, на југот на земјата, кој е под украинска контрола од ноември 2022 година, продолжува да трпи руски бомбардирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот