
Русите смислија нова казна за Навални: Осум часа гледање режимски емисии
Алексеј Навални, политички затвореник и опозиционен кошмар на Путин, преживува вистинска голгота во руските затвори.
Препорачано
Властите сега одлучија да го зачинат неговиот престој зад решетки, осмислувајќи уште една луда мерка – осум часа гледање национална телевизија, пренесува Њујорк тајмс
Навални, кој од јануари се наоѓа во затворот Казнено-поправна колонија 2 во Русија, каде што отслужува казна од две и пол години, го спореди затворот во кој се наоѓа со кинески работен камп.
„Можете да замислите тетовирани мускулести мажи кои се борат да го најдат најдобриот кревет покрај прозорецот.
Ова е нешто како кинески работен камп, каде сите маршираат по ред и го анализираат секое ваше движење низ камерите. Постои постојана контрола, која разви култура на кодошење “, изјави Навални.
Според Навални, стражарите го тераат да гледа руска државна телевизија осум часа дневно и избрале пропагандни филмови како дел од, како што велат руските власти, „подигање на свеста“.
„Мора да седите и да гледате телевизија. И ако некој заспие, стражарот вика: „Не спиј! „Погледнете“, рече опозиционерот во интервју за Њујорк тајмс.
Американските медиуми наведуваат дека таков систем на казнување, односно психолошко насилство што подразбира перење мозок и пропаганда, ја замени напорната работа во нехумани услови, што беше практика на советските гулаги.
Опозицијата, исто така, тврди дека затворските чувари создаваат атмосфера на страв со чија помош предизвикуваат непријателство меѓу затворениците.
Навални го тужеше и затворот, бидејќи не му дозволува да ја чита литературата што ја сака. Како што наведе, затворските власти незаконски ја ограничиле доставата на книги по негов избор и ги цензурирале весниците што ги читал.
Навални побарал и да му ја дадат светата муслиманска книга Куран на почетокот на рамазанските пости, но не му било дозолено да ја добие
Рускиот опозиционер изјави дека не добил пристап до ниту една книга што ја донел или нарачал во текот на изминатите месеци во затвор, бидејќи сите тие треба да бидат прегледани дали во нив има екстремистичка содржина , проверка закоја затворските службеници рекле дека им требаат најмалку три месеци проверка.
Кон средината на август, во неговиот случај беше додадена уште една кривична пријава за формирање непрофитна организација која наводно ги крши човековите права.
Навални претходно беше осуден на две и пол години затвор во февруари, и ако на тоа се додадат нови обвиненија, тој може да добие повеќе вкупна затворска казна од пет години