Русите инфилтрирале шпион во германската армија

Германска војска / Фото: EPA-EFE/FOCKE STRANGMANN

Германецот  Томас Х. е уапсен денеска во Кобленц под обвинение дека се обидел да шпионира за Русија, а неговиот стан и работното место биле претресени, соопштија федералните власти, пренесува МИА.

Германскиот сојузен обвинител во кратка писмена изјава наведе дека човекот работи за германската војска, во Канцеларијата за опрема, информатичка технологија и сервисна поддршка на Армијата.

Од мај тој човек во неколку наврати самоиницијативно се обратил до рускиот конзулат во Бон и до руската амбасада во Берлин, нудејќи соработка.

Истрагата е водена во соработка со Федералната канцеларија за воено контраразузнавање и домашната разузнавачка служба на Германија, Сојузната служба за заштита на Уставот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот