Русин ја шпионирал Црноморската флота, осуден е на 12 години затвор

Руската безбедносна служба ФСБ објави дека руски државјанин е осуден на 12 години затвор за велепредавство откако ја шпионирал Црноморската флота на Руската Федерација во периодот од 2020 до 2021 година. Во соопштението за медиумите тие истакнаа дека Евгениј Вадимович Петрушин ќе мора да плати казна за шпионирање за украинската страна, пренесува руската државна новинска агенција РИА Новости.

„Пресудата на Градскиот суд во Севастопол стапи во сила против рускиот државјанин Евгени Вадимович Петрушин, кој беше прогласен за виновен за велепредавство и ограничување на слободата за една година (по издржување на казната)“, се наведува во соопштението.

Инспекторите, наводно, утврдиле дека Петрушин постапил по инструкции на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина во текот на 2020 и 2021 година. Судот во Севастопол го обвини дека собирал и пренесувал информации за активностите на Црноморската флота со цел на украинската армија да и се даде стратешка предност во воениот конфликт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот