Русија ги повика Курдите да ѝ се приклучат на сириската војска

Фото: МИА

Русија, главниот воен поддржувач на сириската Влада на претседателот Башар ал-Асад, денеска ги повика курдските милитанти да се приклучат кон сириската државна војска, јави ДПА.

-Колку побрзо, толку подобро, рече заменик министерот за надворешни работи Михаил Богданов.

Тој кажа дека Русија е во контакт со „сите страни” во напорите да го обезбеди мирот врз основа на „ респект кон сириската сувереност”

Курдските милиции, кои се спротивставија на сириската влада, минатиот месец беа избрикани од деловите во северна Сирија, во кои турската војска изврши инвазија.

Турција овие курдски милиции ги смета за терористички, кои сакаат да се издвојат во своја држава надвор од деловите на Турција, Сирија и Ирак.

Русија се согласи со Турција заеднички да патролираат на делови од северната сириска граница во обид да ја спречи Турција да продолжи со својата воена операција.

Сириските владини сили, сојузници на Русија, измиантиот период презедоа неколку области напуштени од курдските милиции, пренесе ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот