Русија до есен планира да произведе 50 нови интерконтинентални балистички ракети „Сармат”

марс
Дмитриј Рогозин, Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Русија планира до крајот на есента да произведе и распореди околу 50 нови интерконтинентални балистички ракети „Сармат”, способни за нуклеарни напади, изјави Дмитриј Рогозин, генералниот директор на руската вселенска агенција „Роскосмос”.

Ракетите ќе бидат избработени во производствените капацитети во сибирскиот град Краснојарск, изјави тој синоќа за новинската агенција „Интерфакс”.

Русија во април го изведе првото пробно лансирање на ракета „Сармат” од новата генерација. „Сармат” има дострел од 18 илјади километри и може да биде опремена со нуклеарни боеви глави. Тоа и овозможува на Русија да гаѓа цели низ целиот свет со лансирање ракети преку Северниот или Јужниот пол.

Првите системи „Сармат” ќе бидат стационирани на Краснојарската територија.

Претседателот Владимир Путин лансирањето на „Сармат” ракетата во април го искористи за да му се закани на Западот, во контекст на војната во Украина.

Ракетата е оспособена да ги надмине сите видови одбрана и да ги натера државите „подобро да размислат” пред да и се закануваат на Русија, рече тогаш Путин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот