
Русија ѝ се потсмева на дипломатијата, вели Фон дер Лајен по ударот врз Киев
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес во официјално соопштение го осуди еден од најголемите руски напади со беспилотни летала врз Украина, оценувајќи дека Кремљ повторно „ѝ се потсмева на дипломатијата и убива неселективно“.
Препорачано
„Вечерва, Русија изврши еден од најголемите напади со беспилотни летала и ракети врз Украина, таргетирајќи владини згради и цивилни домови“, вели Фон дер Лајен додавајќи дека „Кремљ повторно ѝ се потсмева на дипломатијата, го гази меѓународното право и убива неселективно“.
Таа нагласи дека Европа стои и ќе продолжи целосно да стои зад Украина.
„Ги зајакнуваме вооружените сили на Украина, градиме трајни безбедносни гаранции и ги заоструваме санкциите за да го зголемиме притисокот врз Русија. Убиствата мора да престанат“, рече фон дер Лајен.
Во ноќешниот голем руски напад врз Украина, беа погодени станбени згради, како и владината зграда во Киев, а две лица беа убиени, додека дваесет беа повредени, според украинските власти. Украинските воздухопловни сили објавија дека Русија лансирала 805 дронови и 13 ракети преку ноќ, од кои 751 биле соборени.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
11мин
-
20мин
-
34мин
-
49мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5