
Руи Мота: Се надевам дека резултатот од првиот меч со Шкендија е само случајност
В четврток од 19.30 часот во Разград, Бугарија, ќе се игра реваншот од плејофот во Лигата на Европа помеѓу Лудогорец и Шкендија. Тетовските „црвено-црни“ имаат минимална предност од првиот натпревар во Скопје кога триумфираа со резултат 2:1.
Препорачано
Пред овој меч, бугарскиот клуб со цел настанот да помине во најдобар ред, без никакви инциденти, ги објави безбедносните и организациските мерки.
Главниот тренер на Лудогорец, Руи Мота, ги сподели очекувањата пред возвратниот дуел со македонскиот првак. Неговите играчи со сите сили ќе одат на победа за да го гарантираат своето место во второто најсилно европско клупско натпреварување.
Португалскиот стратег очекува неговите фудбалери да покажат поинакво лице во споредба со натпреварот пред една недела, по што откри дека нема да може да смета на повредените Квадво Дуа, Агибу Камара и Жоел Андерсон ниту за овој натпревар.
– Очекуваме да направиме многу повеќе од првиот натпревар. Веќе направивме анализа со играчите и мојот тим. Знаеме што треба да промениме и се надеваме дека ќе го спроведеме утре. За жал, Квадво Дуа, Агибу Камара и Жоел Андерсон сè уште се опоравуваат. Ќе влеземе во утрешниот натпревар како да сме го изгубиле. Од првата минута, нашата идеја ќе биде да го добиеме. Тоа е во умот на момците. Се надевам дека резултатот од првиот натпревар е само случајност што се случи. Имавме можност да одложиме само еден натпревар. Тоа беше наша вајлд-карта. Сакавме да ја искористиме таа предност и затоа го одложивме овој натпревар. Играњето на секои 3-4 дена е многу тешко за опоравување – вели Мота.
Бразилскиот фудбалер на Лудогорец, Каио Видал, на прес-конференцијата изјави дека Лудогорец дека пред своите навивачи може да покаже подобра игра.
– Се надеваме дека на крајот ќе имаме добар резултат, што е победа. Бев многу болен и тоа беше причината што не играв во првиот натпревар. Се надевам дека ќе имам многу добар меч утре и ќе му помогнам на мојот тим – се зборовите на Кајо.