
Романскиот судија кој предизвика скандал во ЛШ откри како се носи со обвинувањата за расизам
Како што пренесуваат романските медиуми, судијата поради кој е прекинат вчерашниот натревар во Лигата на шампионите се обидува да остане мирен.
Себастијан Колтеску, романскиот судија поради кој е прекинат натпреварот помеѓу ПСЖ и Истанбул Башакшехир разговарал со своето семејство откако најголем дел од фудбалскиот свет го етикетира како расист.
Натпреварот кој се играше на „Паркот на принцевите“ беше прекинат во 14. минута откако Колтеску наводно помошниот тренер на турскиот тим, Пјер Вебо го нарекол „negru“ што на романски јазик значи црнец. Фудбалерот на Башакшехир, Демба Ба прв реагираше и го нападна резервниот судија за што доби црвен картон, а потоа натпреварот беше прекинат и играчите на двете екипи го напуштија теренот.
Препорачано
Според романскиот Проспорт, Колтеску на своите најблиски им рекол:
– Се обидувам да останам мирен. Нема да читам што пишува во медиумите во наредните денови. Секој што ме познава знае дека не сум расист – биле зборовите на романскиот судија.
Романскиот новинар Емануел Рошуа тврди дека расистичкиот скандал не го режирал Колтеску, туку вториот помошник на главниот судија Октавијан Совре, но притоа додава дека Пјер Вебо судиите ги нарекувал „цигани“, што доколку се потврди ќе има последици и по помошниот тренер на Башакшехир.
Иако според правилникот на УЕФА, Колтреску се соочува со суспензија од десет натпревари, дел од поранешните судии сметаат дека неговата меѓународна кариера е завршена, а прашање е што ќе се случува со него во романскиот фудбал бидејќи се смета за еден од најомразените судии.
– Целата негова кариера е одбележана со мрачни моменти. Можеби е талентиран судија, но мислам дека треба да ја смени професијата. Тој не може да биде непристрасен. Нормално е луѓето да грешат, но грешките кај него се повторуваат со години. не постои натпревар во кој со своите одлуки директно не влијаел на конечниот резултат – изјави поранешниот романски судија, Адријан Порумбои.
Го обвинија за расизам, повеќе бил за танц, а ни судеше и нам на патот кон ЕП!
ВИДЕО: СКАНДАЛ во Париз, поради расизам прекинат натпреварот помеѓу ПСЖ и Башакшехир