
Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска ќе има промоција во Битола
Минатогодишниот добитник на престижната книжевна награда „Роман на годината“, романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска, на 26 февруари, со почеток во 19 часот, во кафе-барот „Везилка“, ќе има промоција во Битола.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
– „Единствен матичен број“ е роман што ги синтетизира сите несреќи на ова тло во внатрешното отуѓување на човекот и во неодговорените прашања делејќи го идентитетот на намислен и вистински. Лидија Димковска зборува за сивата неприпадност и бездушноста која е предзнак на пустелијата, вовлечена во нашето секојдневие. Исклучително актуелен, исткаен со препознатливиот комплексен и сигнификантен стил на оваа голема македонска писателка, ова е еден од најубавите романи во македонската проза, овенчан со најголемата книжевна награда во земјата – истакнува Сашо Огненовски.
Романот е во издание на издавачкиот центар „Три“, а промотори на делото на Лидија Димковска во Битола ќе бидат Виолета Танчева-Златева и Сашо Огненовски.
Гости на промоцијата ќе бидат авторката Лидија Димковска и Катерина Богоева, претставничка на фондацијата „Славко Јаневски“. Промоцијата ја овозможи „Mint Fintech Group“.