Насловна корица на хрватското издание на „Денот на црвот“ од Симона Јованоска / колаж

Романот „Денот на црвот“ од Симона Јованоска е објавен во Хрватска во издание на издавачката куќа „Неолит“

Романот „Денот на црвот“ од Симона Јованоска е објавен во Хрватска во издание на издавачката куќа „Неолит“. Преводот на хрватски јазик е на Ивица Баковиќ. Ова е трет превод во регионот на наградениот роман на Јованоска („Роман на годината“ за 2021 г.), по преводите на бугарски и на српски јазик.

– „Денот на црвот“ во тмурното расположение на доцната есен ги усложнува и испреплетува ликовите, случувањата и мотивите, доведувајќи го во врска она што само наизглед е неповрзано. „Не било пишано“, на почетокот на романот вели дождовниот црв, откако сосем случајно ќе остане жив.

Она што е пишано, во овој блескав првенец на Симона Јованоска, овенчан со наградата „Роман на годината“, во добра мерка е впишано меѓу редовите. Флуидната присутност, но и отсутност, поврзаноста во безбројните можни различни перспективи, создаваат мозаик на различни животни приказни во цврста целина којашто долго вибрира во свеста на читателот, со секогаш новите релации помеѓу црвот, чавката, киднаперите на сопственото семејство и другите ликови кои би можеле да бидеме и ние самите, само кога мозаикот малку поинаку би се пресложил – стои во најавата на „Неолит“ за хрватските читатели на романот.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 282, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 23-25.5.2025)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот