Норвежанецот не ја доби вистинската шанса во Реал Мадрид/Фото: EPA-EFE/Dan Mullan

Романо: Мартин Одегард во Арсенал до јуни 2026 година

Како што објавува Фабрицио Романо на својот Твитер профил, Мартин Одегард секогаш бил приоритет на лондонскиот клуб.

Како што е познато, Норвежанецот досега како член на Реал Мадрид беше на позајмица во редовите на Арсенал.

Наскоро се очекува 22-годишниот играч за врска во нападот да се раздели со „кралевите“ и биде полноправен член на „топџиите“.

Според Романо, се очекува Одегард да ги брани боите на премиерлигашот од „Емирати“ до јуни 2026 година.

Пред Арсенал, Реал, каде што не ја доби вистинската шанса, го испраќаше на позајмица и во Херенвен и Реал Сосиеадад.

Минатата сезона во Премиерлигата за Арсенал запиша 14 настапи и имаше еден гол во победата над Тотенхем (2:1).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот