Рафаел Надал на две победи од нова титула на „Ролан Гарос“/Париз, Франција/1 јуни 2022/Фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

„Ролан Гарос“: Ѓоковиќ елиминиран, Надал ита кон 22 грен слем титула

Најдобриот тенисер на планетата Новак Ѓоковиќ е поразен од Рафаел Надал во четвртфиналето на Ролан Гарос по четири сета.

Шпанецот го доби мечот со 3:1 во сетови 6:2, 4:6, 6:2 и 7:6 (4). Српскиот ас одбрани три меч-топки во тај-брејкот од четвртиот сет, но во најважните моменти непосредно пред нив беше целосно надвор од ритам.

Ноле одигра меч со многу осцилации, во некои делови делуваше незапирливо, во други како да е 450. играч на теренот на АТП листата, а тоа го чинеше на крајот пораз.

Надал најмногу зависеше од формата и моменталното расположение на Новак, а настаните ги контролираше онолку колку што му дозволуваше Ѓоковиќ.

Оваа 59 пресметка на двајцата титани во светот на тенисорт траеше повеќе од четири часа и беше решена во тензичен тај-брејк од четвртиот сет, а со овој пораз Новак го загуби првото место на АТП листата.

За да останеше на светскиот врв, мораше да ја одбрани титулата што ја освои минатата година и да го спречи Данил Медведев да се пласира во полуфиналето.

За пласман во големото финале Надал ќе игра против Александар Зверев (Германија) кој со 3:1 (6:4, 6:4, 4:6, 7:6) го елиминираше Карлос Алкараз од Шпанија.

Втората полуфинална двојка во машка конкуренција ќе се дознае по одигрувањето на останатите четвртфинални мечеви Рубљов – Чилиќ и Руд – Руне.

Тревизан – Гоф е првата полуфинална двојка на „Ролан Гарос“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот