Роденденскиот самит на НАТО во сенка на несогласувањата

Во Лондон денеска почнува дводневен самит на НАТО со цел да се покаже единството и силата на Алијансата, која ја слави својата 70-годишнина од основањето.

Според Си-Ен-Ен, далеку од тоа дека е кревка алијанса, НАТО сега е многу помалку еластичен од порано. Затоа, кога лидерите ќе се соберат во Лондон, тие ќе треба да вложат повеќе напори за да премостат некои од нивните разлики. 

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Лондон синоќа, а лидерите на НАТО ќе бидат денеска гости на кралицата Елизабета Втора во Бакингамската палата.

Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна изјави дека Алијансата е во состојба на „мозочна смрт”, апелирајќи од Европа да создаде своја безбедносна структура.

Изјавата доби силен одговор од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој рече дека европското единство не може да го замени трансатлантското единство.

Се очекува лидерите на самитот по прв пат да го усвојат и извештајот за предизвиците кои ги претставуваат односите помеѓу САД и Кина. Александар Мателер, виши научен соработник во белгискиот институт Егмонт, препорачува додатно да се обрати внимание на тоа што се случува во Кина. Мателер смета дека тоа би можело многу да влијае на Европа и НАТО.

Белгискиот експерт вели дека многу, помеѓу тие и бившиот американски државен секретар Хенри Кисинџер, предупредуваат дека светот се наоѓа пред нова Студена војна, а дека истовремено нема никаков напредок во преговорите за смирување на конфликтот.

Ако САД се вмеша во некаков конфликт со Кина, тоа би била катастрофа за комплетен НАТО, смета Мателер. Како Алијансата би имала комплетна одбранбена сила, ако САД војската би морале да ја ангажираат на друго место?

По завршувањето на Студената војна, земјите-членки ги намалија буџетите за одбрана, но по анексијата на Русија на Крим, сојузниците се согласија да ги прекинат кратењата на буџетот и да ги зголемат трошоците за одбрана. Целта е до 2024 година да достигнат два отсто од БДП во секоја земја-членка.

Девет држави се предвидува да ја исполнат целта оваа година – САД, Грција, Велика Британија, Бугарија, Естонија, Литванија, Латвија, Полска и Романија.

Според новите податоци објавени во петокот, европските сојузници и Канада, исто така, ќе распределат дополнителни 130 милијарди американски долари на нивните буџети за одбрана до крајот на 2020 година, при што 20 отсто од тоа зголемување ќе биде од Германија, критикувана од Трамп дека не троши доволно на одбраната. До 2024 година се очекува да бидат додадени дополнителни 400 милијарди американски долари.

Покрај националните буџети, НАТО има мал буџет од 2 милијарди американски долари за поддршка на работата на седиштето во Брисел и за финансирање на воените операции ширум светот.

Минатиот четврток, генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг рече дека САД ќе плаќаат помалку за овој буџет и Германија ќе помогне да се пополни празнината, со тоа што двете држави плаќаат по околу 16 отсто. Досега САД плаќаа 22 отсто од таа сума. Други европски сојузници исто така се согласија да плаќаат повеќе без Франција која одби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот