фото: РК Алкалоид

РК Алкалоид продолжи да победува во Суперлигата

Ракометарите на Алкалоид оствари нов триумф во македонската Суперлига откако со резултат 42:30 триумфираа над РК Фруит Ленд Борец.

Играчите предводени од тренерот Кирил Лазаров после првото полувреме имаа позитива од 23:16.

Најдобар стрелец на Алкалоид во овој меч беше Мартин Ивановски со 11 постигнати гола, Дамјан Митев додаде пет, а Џонов, Петковски и Савревски погодија по четири пати.

На спротивната страна најефикасен беше Виктор Трифуновски кој седум пати се запиша во листата на стрелците.

На суперлигашката табела Алкалоид е на првото место со 34 бодови, додека Фруит Ленд Борец е на 10 позиција со шест бодови.

Во следното коло Алкалоид го очекува дерби против Еурофарм Пелистер на гостински терен на 22 февруари, додека истиот ден РК Фруит Ленд Борец ќе го пречека Радовиш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот