фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Ристовски: Ни се случи класичен македонски менталитет

Имавме убава можност да ја запишеме втората победа во квалификациите за ЕП 2024, водевме со 2:0 против Украина по првото полувреме, но во второто противникот направи целосен пресврт за триумф.

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски жали што вака заврши мечот, истакнувајќи дека во иднина да се променат некои работи.

– Игравме одлично во првото полувреме, а во второто ни се случи класичен македонски менталитет. Доколку сакаме успех, мора да промениме нешто на тактички план. Не треба да се предадеме, ова е само втор натпревар во квалификациите, секако ова е голем удар по ваков загубен натпревар. Имавме желба да дојдеме до позитивен резултат, верувам дека ќе извлечеме поуки од ваквите мечеви – рече Ристовски.

На клупата на нашата селекција беше помошникот Роберт Стојановски кој го замени Благоја Милевски поради црвениот картон против Малта.

– Честитки до Украина за победата иако мислам дека не ја заслужија. Покажавме зрелост во играта, во второто полувреме имавме проблеми со физичкиот дел по што следуваше падот во нашата игра – се зборовите на Стојановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот