Фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Ристовски: Можеме да победиме против Борусија Дортмунд и Хајдук

Екипата на Динамо Загреб каде што настапуваат македонските фудбалери, Аријан Адеми и Стефан Ристовски во неделата која следи ја очекуваат важни натпревари.

Прво в среда на „Максимир“ гостува германска Борусија Дортмунд, а потоа во првенството на Хрватска ги очекува дербито со Хајдук.

Ристовски е убеден дека Динамо ќе биде успешен оваа недела и ќе слави во двата дуели.

„В среда ќе играме против сериозен противник кој многу значи во европскиот фудбал, сигурно ќе биде тешко. Ќе направиме анализи и ќе се подготвиме да покажеме добри анализи, верувам дека со правилен пристап ќе дојдеме до позитивни резултати. Можеме да победиме и во двата натпревари“, изјави Ристовски.

Во овој момент, Динамо се наоѓа на третото место во првенството со 25 бода, четири помалку од Хајдук кој е лидер, додека во Лигата на шампионите екипата е на 16. место со седум бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот