фото: ms.gov.mk/Министерство за спорт

Ристовски: Мора да ја поставиме Македонија на мапата на спортот и на спортските успеси

Со последната панел дискусија на тема „Национална стратегија за развој на спортот„ беше заокружен денешниот прв Регионален спортски самит „Скопје 2025“ што се одржа под покровителство на Министерството за спорт.

– Нашата стратегија е каде ја гледаме Македонија на спортски план од сега во наредните четири години инфраструктурно, резултатски и во однос на човечки капацитет и едукација на кадрите во националните спортски федерации и генерално, во македонскиот спорт, бидејќи за жал мора да констатирам дека имаме големо засотанување во речиси сите сегменти. Мора од некаде да почнеме, да ја смениме таа слика и правилно да ги поставиме работите. Тоа значи стратегиско поставување на Македонија на мапата на спортот и на успесите во спортот – истакна министерот за спорт Борко Ристовски.

Своите размислувања и идеи за стратегискиот развој на спортот на оваа тема ги образложија претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Томислав Главчев и претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски.

фото: ms.gov.mk/Министерство за спорт

Пораката од денешниот прв Регионален спортски самит во Скопје на кој учествуваа и министерот за спорт на Србија, Зоран Гајиќ и министерот за спорт и млади на Црна Гора, Драгослав Шќекиќ, спортисти, спортски работници, дипломати, новинари и стопанственици е дека спортот е важен двигател на општествените и економските процеси, мост што поврзува и креира здрава нација.

Низ деветте панели беа отворени повеќе теми, од можноста и потребата за развивање на регионална соработка и здружување во регионални лиги кои ќе го подигнат нивото на спортот во регионот, спортската инфраструктура, младинскиот спорт и развој на таленти, спонзорствата во спортот и спортската медицина до креирањето на националната спортска стратегија.

– Верувам дека преку регионалната соработка и поддршка од институциите, спортот ќе биде двигател на здраво и просперитетно општество – порача министерот Ристовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот