Ристовски ќе игра, Елмас неизвесен за мечот со Австрија

Дуелот ќе се игра утре (понеделник, 10 јуни) од 20.45, немавме среќа против Полска, но Австрија е шансата за момците на Ангеловски да се вратат игра за првите две позиции во групата.

Поради црвениот картон право на настап нема Висар Муслиу, а најавено е дека ќе игра дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Стефан Ристовски, се работело само за грч.

Слободен печат/Арбнора Мемети

Елиф Елмас кој имаше неколку падови и силни физички дуели со Полјаците, има оток на скочниот зглоб и 70% се шансите дека нема да настапи.

– Не успеавме да постигнеме гол против Полска, се надеваме дека тоа ќе го направиме против селекцијата на Австрија, а нам бодовите ни се потребни. Против сите репрезентации одиме на голови, да бидеме подобри. Жалиме што не успеавме барем нерешено да извлечеме против Полска, но одиме напред и се избориме за позитивен резултат на наредниот меч – изјави репрезентативниот напаѓач Илија Несторовски.

Како што и потврдија од австриската федерација, ѕвездата на Баерн Минхен Давид Алаба поради повреда нема да дојде во Скопје. Бундеслигашкиот стил ја краси селекцијата на Австрија, се потпираат на дуел-игра и трчање.

Фото: ФФМ

– Наше е да се залагаме, без штедење на силите, максимално ќе му пристапиме и на мечот против Австрија. Иако игравме добро против Полјаците, не успеавме да освоиме бодови. Секоја селекција има свој стил на игра, нашиот утрешен ривал поседува добри индивидуалци. Најавено е дека Алаба со сигурност нема да игра. Дел од нив се под знак прашалник. Можеби тоа е и дел од нивната тактика. Како и да е, размислуваме напаѓачки со цел да триумфираме и ги израдуваме нашите навивачи – беа зборовите на селекторот Игор Ангеловски на денешната прес конференција.

Австрија во својот последен меч од квалификациите славеше над Словенија (1:0). Наредниот тренинг нашите најдобри фудбалери ќе го имаат денеска од 19.15 часот на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски“, Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!