
Ристовска со ЦСКА Москва ја освои титулата во Русија, Македонката прогласена за МВП
Во третиот натпревар од финалната серија во руската женска ракометна лига составот на ЦСКА Москва славеше со 35:29 против Ростов Дон.
Препорачано
Во победата придонесе македонската репрезентативка Сара Ристовска која четирипати се запиша во листата на стрелците.
Од нејзините колешки најефикасна беше Елена Михајличенко со седум погодоци, а на спротивната страна по шест голови имаа Кристина Кожокар и Екатерина Зеленкова.
Нашето десно крило Ристовска беше прогласена за најкорисен играч (МВП) на последниот финален натпревар.
Ристовска заслужено доаѓа до ова признание, во текот на целата сезона имаше одлични игри, а со своите погодоци неодамна стана и најдобриот стрелец во историјата на ЦСКА Москва.
За ЦСКА Москва ова е втора лигашка титула во нејзината клупска историја, првата ја освои во сезоната 2020/2021.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
27мин
-
43мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5