Фото: Anthony Behar / PA Images / Profimedia

Ријана донираше за ветераните кои ги загубија своите домови во Лос Анџелес

Поп ѕвездата Ријана неодамна испрати донација за бездомните ветерани кои живеат во Лос Анџелес.

Како што дознава „Пејџ Сикс“ (Page Six), Ријана се обратила до здружението „Секогаш за луѓето“ (Always For The People) и направила поголема донација за да им го олесни животот на ветераните со посебни потреби, кои останале без своите домови.

Имено, таа го повикала основачот на организацијата Сенет Девермонт, кој потоа проследил стотици хигиенски пакети, чорапи, облека, вреќи за спиење, храна, чевли, тоалетна хартија, храна за кучиња.

Ова не е прв пат поп дивата да дава поддршка на ветерани. Таа ги посетила во 2022 година, кога била бремена со својот прв син, РЗА, а потоа со часови ги слушала нивните грижи и проблеми, и сето тоа тајно.

Луѓето кои работеле со неа во тоа време велат дека оставила неизбришлива трага кај луѓето во кампот за бездомници пред Медицинскиот центар ВА (VA). Многу бездомници биле воодушевени од нејзиниот гест и посета.

За потсетување, Ријана и нејзиниот партнер Ејсап Роки неодамна повторно станаа родители. Полот и името на нивното второ дете сѐ уште се непознати за јавноста, а пред само неколку месеци го открија името на нивното прво дете – RZA Athelston Mayers.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот