Илустративна фотографија за „Покемон“ картички / Фото: Johan Möllerberg / Alamy / Profimedia

Ретка „Покемон“ картичка вредна 35.000 евра продадена на аукција во Холандија

Ретка „Покемон“ картичка, проценета меѓу 25.000 и 35.000 евра, беше откриена и продадена на саем за разменливи картички во Grote Kerk во Алкмар. Купувачот, маж од Делфт, купил неотпакувано пакетче „Покемон“ картички за 1.250 евра на штандот на „Глобал кардшоп“, а внатре ја пронашол исклучително бараната „First Edition Dutch Charizard“ од 1999 година, пишува „Ен-ел тајмс“.

„Можноста да се најде оваа картичка е 0,01 отсто,“ изјави продавачот кој го продал пакетчето. Неочекуваното откритие предизвика возбуда меѓу присутните, а аплаузи одекнаа кога картичката беше откриена.

Купувачот, кој сакал да остане анонимен, го опиша моментот како „како да ја гледаш ‘Ноќна стража’ на Рембрант“. Неговите браќа, кои се посветени колекционери на „Покемон“ картички, биле воодушевени од пронајдокот.

Организаторот на настанот, Мишел де Хас, ја опиша продажбата како значаен момент за саемот.

„Ова е голем настан. Навистина сум задоволен; одлично е за угледот на саемот,“ рече тој.

Де Хас, сопственик на „Мокс спелен“ и „МоксКон“ во Хеерхуговард, со години организира конвенции за друштвени игри, но ова беше неговиот прв саем за разменливи картички.

Вкупно 45 изложувачи учествуваа на настанот, купувајќи и продавајќи картички за размена. Пазарот за колекционерски картички останува силен, а посетителите беа во потрага по недостасувачки парчиња за своите колекции или можности за профитабилна размена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот