Република Македонија ја нема во новиот Статут на ВМРО-ДПМНЕ

Во новиот статут на ВМРО-ДПМНЕ избришано e „Република Македонија”. Членовите на партијата револирано ја споделуваат содржината од стариот и од новиот статус на ВМРО-ДПМНЕ. Во досегашната верзија на документот по кој се води партијата, стоеше името „Република Македонија“.

 

ВМРО-ДПМНЕ многупати ја напаѓаше владејачката гарнитура за Преспанскиот договор со кој на името на државата се додаде географска одредница, односно придавката „Северна“.

Сепак, во новиот статут на партијата, името „Република Македонија“ е целосно тргнато, барем така  наведуваат членовите и симпатизерите кои дошле до новиот Статут.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот