Фото: mztskopjeaerodrom.mk

Рекордер по низа мечеви со тројка во НЦАА ќе го засили МЗТ

Бекот Мек Смит (27 год, 190 см) ќе биде четвртиот американски кошаркар во дресот на МЗТ Скопје за претстојната сезона, откако денеска потпиша едногодишен договор со македонскиот шампион.

Станува збор за одличен шутер, кој добро ги познава приликите во македонската кошарка, откако претходно настапуваше за екипите на Академија ФМП и за Тиквеш.

Смит има и одлична универзитетска кариера зад себе, со оглед што е рекордер по бројот на натпревари на кои постигнал тројка во НЦАА лигата. Неговиот рекорд изнесува 91 натпревар со најмалку еден прецизен удар за три поени. Тој е и само вториот интернационалец во мак баскетот со остварен трипл-дабл и тоа во дресот на ФМП.

Смит се очекува неделава да им се приклучи на своите нови клупски колеги и да му се стави на располагање на стручниот штаб за стартот на домашното првенство и на АБА2-лигата.

Првиот следен меч за МЗТ е против Маџари следниот викенд, а настапот во АБА 2 лигата „металците“ го почнуваат следниот вторник (7 октомври) против Вршац.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот