Илустративна фотографија за љубовен пар / Фото: Pexels

Реченици што мажите сакаат да ги слушнат од своите жени, но никогаш нема да признаат

Мажите имаат физички, емоционални и општествени потреби, исто како и жените. Сепак, изразувањето на тие потреби за нив може да биде многу тешко, дури и кога станува збор за најдлабоките желби кои би сакале да ги признаат пред најважната личност во својот живот, пишува „Дневник“.

Во продолжение следуваат пет реченици што мажите сакаат да ги слушнат од своите сопруги, но ретко би имале храброст сами да признаат колку им значат.

„Гордa сум на тебе“

Дури и кога живееме со личност која нè сака и ни е најголема поддршка, сепак копнееме по зборови на потврда. Голем дел од мажите уште од млади години ја усвојуваат идејата дека нивната вредност се мери преку тоа што прават, постигнуваат и обезбедуваат. Кога ќе ја чуе реченицата „горда сум на тебе“, мажот добива уверување дека неговиот труд не останал незабележан и дека има смисла.

„Ти верувам“

„Ти верувам“ е фраза со огромна тежина во една врска – не само кога мажот оди со пријателите на пијачка или на службен пат, туку и кога жената сака совет и му се доверува на некого во чија проценка и намери целосно верува. Тоа е вербален потсетник на длабочината на нивната заемна врска.

„Во право си“

Емоционалната несигурност и лошата комуникација често создаваат проблеми во врските и браковите, што доведува до сериозни расправии. Наместо партнерите заеднички да седнат и да го решат проблемот, тие често ја префрлаат вината еден на друг. Затоа реченица како „во право си“ може да биде балсам за повреденото его на мажот.

„Те сакам“

Можеби изгледа очигледно, но многу луѓе во долги врски и бракови не го слушаат „те сакам“ онолку често колку што би сакале. Ни мажите не се исклучок од ова правило, иако ретко би признале пред своите партнерки колку им значат овие два збора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот