
Рецепт за зимски деликатес од Стефанија Несторовска: Браунис со тиква
Сезоната на тиква и пријатни „топли“ вкусови ја прогласуваме за отворена, а младата инвентивна Стефанија Несторовска, која стои зад инстаграм-профилот и блогот snestorovska.com, ви донесува рецепт за неодоливи тиква браунис, со кои ќе си ја засладите душата во студените денови.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Стефанија порачува дека за да го приготвите овој деликатес не ви е потребно никакво брашно, туку во замена користете само блендирани бадеми. Без разлика на тоа – текстурата е феноменална.
– Ако сте печеле тиква и ви останале остатоци, искористете ја да ги направите овие чоколадни печени браунис, после што тиквата ќе ја гледате со други очи – вели Стефанија.

Состојки:
– 150 г (шолја) бадеми, сирови, блендирани како брашно
– 2 лажици какао
– 1 лажичка цимет
– 1/2 лажичка ѓумбир
– 1/4 лажичка морско оревче
– 1/2 лажичка сода бикарбона
– 2 јајца
– 170 г (1 шолја) чоколадни капки или 1 цело црно чоколадо
– 70 г (1/3 шолја) кокосово масло или ги путер
– 80 г (1/4 шолја) агаве сируп
– 120 г (1/2 шолја) пире од тиква
За декорација (по желба):
– сечкани ореви
– чоколадни капки
– ако имате печена тиква, само испасирајте ја во блендер или со виљушка и ќе добиете пире од тиква.

Подготовка:
Рерната се загрева на 175 степени Целзиусови и се поставува хартија на сад за печење. Користете керамички сад 20 х 20, но ако го немате, каков било сад добро ќе функционира.
Се додаваат чоколадните капки или црното чоколадо во мало тенџерче и се става во микробранова или на многу ниска температура на рингла да се растопи.
Во меѓувреме, во длабок сад се додаваат јајцата, кокосовото масло, агавето и се промешува. Кога чоколадото ќе се стопи, се додава во истата смеса и повторно се промешува сѐ додека не се соедини и не добиете „пудинг“ смеса.
На оваа смеса се додаваат мелените бадеми, какаото, зачините и сода бикарбона. Повторно убаво се промешува, сѐ додека сите состојки не се соединат комплетно.
Се додава смесата во садот за печење и убаво се израмнува.
Одозгора се додава и пирето од тиква. Со нож или со виљушка се прават кружни движења, за да се соедини смесата.
На крај се додаваат оревите и чоколадните парчиња и се пече во загреаната рерна 30-тина минути.
Проверете со чепкалка дали е готово. Ако остане смеса на чепкалката, потребни се уште неколку минути.
Се остава да се излади пред да се сече. Парчињата може да стојат на собна температура 2-3 дена или во ладилник до 4 дена.
Забелешки и совети:
– Агавето може да се замени со каков било течен засладувач. Мед, јаворов сируп, меласа, сируп од урми и слично.
– Кокосовото масло или ги путерот задолжително се мери во течна состојба.
– Пирето од тиква не мора да го мерите, ставете „од око“, тоа оди на крај од смесата и повеќе е подобро, па нема да згрешите и ако ставите повеќе.