
Рецепт за „тигар“ торта готова за само 15 минути: Десерт без печење
Доколку сакате колачи, но немате време за рецепти кои бараат долга подготовка и печење, овој десерт е совршен за вас.
Препорачано
Тигар тортата доаѓа во неколку верзии, а оваа е една од наједноставните.
Потребни состојки:
– 600 мл млеко
– 2 ќесички чоколаден пудинг
– 6 лажици шеќер
– 100 грама маргарин
– 300 грама бисквити
– 150 грама чоколадо за готвење
– 3 лажици масло
Подготовка:
За почеток измешајте го пудингот со шеќерот. Потоа додадете 12 лажици млеко и убаво измешајте.
Остатокот од млекото сварете го на тивок оган, па додадете 50 гр чоколадо за готвење. Кога чоколадото ќе се растопи додадете ја смесата со пудингот и шеќерот. Гответе додека смесата не стане густа. Кога пудингот е готов, тргнете го од оган и покријте го со најлонска фолија за да не создаде кора.
Кога пудингот малку ќе се олади додадете маргарин и убаво изматете. Потоа додадете ги искршените бисквити, убаво измешајте и смесата додадете ја во калапот. Оставете го колачот да се стегне.
За глазурата растопете го остатокот од чоколадото со 3 лажици масло и прелијте го врз колачот. Оставете да се излади уште еден час, а потоа уживајте во овој брз и вкусен десерт.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
3час
-
3час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5