Солени палачинки со компири / Фото: Kurman Communications LLC / Flickr

Рецепт за солени палачинки со компири и шунка: Феноменални, сочни и меки

Вкусни солени палачинки од компири и шунка, идеални за целото семејство. Одлични се како појадок или вечера, ќе ве држат сити долго време. Богатиот фил со шунка им дава посебен шмек.

Состојки:

– 1 кг компири
– 200 г брашно
– 200 мл млеко
– 100 мл минерална вода
– 2 јајца
– 250 г шунка
– 2 чешниња лук
– сол, бибер
– магдонос
– масло
– лажица сушен зачин

Подготовка:

Компирите излупете ги, па ситно изрендајте. Компирите ставете ги во цедалка и добро исцедете ги од течноста. Додајте ги брашното, млекото и шунката, исечена на ситни коцки. Во смесата додајте ги изматените јајца, малку сол, исечкан магдонос, изгмечен лук и сушен зачин, а на крајот додајте минерална вода.
Во загреана тава додадете малку масло и рамномерно, во облик на палачинки, сипете од смесата. Палачинките пржете ги од двете страни, додека не добијат златна боја.
Послужете ги со јогурт, павлака или со салата по ваш избор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот