Фото: Профимедиа

Рецепт за пржени лепчиња без масло: Ем вкусни, ем не дебелеат

Пржените лепчиња се идеални за појадок, а одлично ќе послужат и како вечера или ужина. Меѓутоа, иако се многу вкусни, имаат еден недостаток – при пржењето впиваат многу масло.

Сепак, и за ова постои решение – да ги подготвите во рерна.

Вака приготвени нема да впијат ниту капка масло, а вкусот ќе биде одличен како и кога се подготвуваат на традиционален начин.

Состојки:

– 10 парчиња бајат леб
– 3 јајца
– 1 дл млеко
– прстофат сол
– прстофат шеќер

Подготовка:

Јајцата изматете ги со млекото и додајте сол и шеќер. Секое парче леб убаво натопете ги со смесата, па редете ги во плех обложен со хартија за печење.
Ако лебот е поцврст и постар, натопените парчиња оставете ги да отстојат пет минути, па ставете ги во рерна да се печат.
Печете ги во загреана рерна на 180 степени Целзиусови околу 15 минути или додека не добијат златно-жолта боја. К. А.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот