Фото: Mykola Lunov / Panthermedia / Profimedia

Рецепт за посна пита со печурки: Вкусна и ароматична, освојува на прв залак

Посната пита со печурки е исклучително вкусна. Има многу варијации на вкусот, во зависност од филот (полнењето), а ние едногласно ја препорачуваме варијантата со шампињони, кои со задоволство ги прифаќаат децата, а чиј вкус се прилагодува на зачините што ги додавате.

Посните пити се евтини јадења кои се подготвуваат релативно брзо и лесно, па затоа се одличен избор за секоја пригода. Со оглед на тоа дека заситуваат, овие пити можете да ги направите како ручек или како вечера за целото семејство.

Вкусот може да варира од благ до зачинет, а тоа првенствено зависи од филот што ќе го изберете.

Состојки:

– 1 пакување кори за пита
– 300 – 400 грама печурки
– 1 шолја ориз
– 2 стебла праз
– 1 шолја масло
– 1 шолја кисела вода
– 1 прашок за печиво
– сол
– бибер

Фото: Mykola Lunov / Alamy / Alamy / Profimedia

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Исечкајте го празот, па пропржете го. Шампињоните исечкајте ги на ленти и додајте ги во тавата, пропржете, па додадете шолја сварен ориз. Посолете, побиберете и зачинете по вкус.

Потоа измешајте го маслото со шолја кисела вода и ќесичка прашок за печиво. Секоја кора посипете ја со преливот од масло и кисела вода, а секоја трета кора премачкајте ја со филот. Повторете ја постапката додека не го потрошите целиот материјал. Наредете во плех обложен со хартија за печење и исечете ја питата. Печете на 180 степени додека не порумени. Додадете прилог по желба, па послужете.

Пријатно!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот