Ретинол салата / Фото: Pexels / mikegz

Рецепт за популарната ретинол салата: Клуч за сјајна кожа и младешки изглед

Салатата од моркови, која често се нарекува „чист ретинол“ поради својата моќна концентрација на бета-каротен (кој во телото се претвора во витамин А, односно ретинол), е едноставно јадење полно со придобивки за кожата, очите и имунитетот.
Во последните години, ретинолот стана хит меѓу жените, особено заради неговите придобивки на кожата.
Но, на социјалните мрежи се појави нова, природна и вкусна верзија на оваа магична состојка, ретинол салата, која не само што го храни телото, туку помага и на кожата да го задржи својот младешки изглед.

Зошто е оваа салата добра?

Главната состојка во салатата е морковот, кој е богат со бета-каротин, претходник на витаминот А. Овој витамин е познат по своите позитивни ефекти на кожата, како што се намалување на воспалението, борба против акни, намалување на хиперпигментацијата и забавување на процесот на стареење.

Покрај морковите, други здрави состојки како маслиновото масло и сокот од лимон додаваат хидратација и еластичност на кожата. Салатата може да се прилагоди по ваш вкус, овозможувајќи да уживате во свежата и хранлива комбинација.

Ретинол салата / Фото: Pexels / mikegz

Состојки:

– 5 средни моркови
– 2 чешниња лук
– маслиново масло
– соја сос
– сол и бибер
– малку јаболков оцет
– сок од половина лимон
– малку сусам

Подготовка:

1. Исчистете ги морковите и исечкајте ги на вашиот начин.
2. Додадете го лукот што претходно сте го истолчиле.
3. Во садот додадете сок од лимон, маслиново масло, соја сос и малку јаболков оцет.
4. Измешајте ги сите состојки, па додадете сусам за финален вкус.
5. На крај, зачинете со сол и бибер по вкус, но внимавајте да не го пресолите бидејќи соја сосот е доста солен.
Оваа салата не само што е вкусна, туку е и здрав избор за вашето тело, и на кожата ќе ѝ даде младешки изглед благодарение на ретинолот од природните состојки.
Уживајте во оваа едноставен и моќен рецепт!

Ретинол салата / Фото: Wikimedia Commons

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот