Фото: sheri silver / Unsplash

Рецепт за најсочната вечера за целото семејство: Не постои повкусно јадење, а се приготвува за миг!

Ви споделуваме рецепт за најсочната вечера за целото семејство.

Состојки:

– 400 г макарони

За филот:

– 100 г димена сланина
– 2 главици кромид
– 400 г мелено месо
– зачини по ваш вкус: сол, сушен зачин, бибер, оригано, лук

За сосот бешамел:

– 50 г путер
– 3 лажици брашно
– 500 мл млеко
-250 мл неутрална павлака
– сол, бибер, лук

Приготвување:

Сварете ги макароните во солена вода. На масло пропржете сланина и кромид, па додајте мелено месо. Зачинете, пропржете, па тргнете го од рингла.
Во друго тавче пригответе го сосот бешамел. Растопете путер, додајте брашно и пропржете, па додајте млеко и мешајте додека ги разбиете грутките. Додајте неутрална павлака. Зачинете.
Во намрсен сад редете макарони, бешамел, фил од мелено месо, бешамел, макарони, бешамел. Печете на 200 степени околу 20 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот