Фото: Пиксабеј

Рецепт за најдоброто варено вино: Многумина грешат кај додавањето мелени зачини

За да го направите најубавото варено вино, треба да знаете неколку корисни совети.

Фото: Unsplash

Вареното вино асоцира на зима, топлина и празници. Традиционално се прави од вино, шеќер, со додавање зачини какви што се цимет, каранфилче, морско оревче, ѓумбир. За да го направите најдоброто варено вино, треба да знаете неколку „трикови“.

Фото: Unsplash

За почеток, немојте да користете евтини вина, како ниту оние што долго време ви стоеле дома. Без сомнение, вкусот ќе биде полош. Друга работа што треба да ја знаете е дека целите зачини се подобри од мелените. Во варено вино обично се додаваат каранфилче, морско оревче, ѓумбир, ѕвезден анасон или кардамом. Ако додавате кардамом и слични зачини, најдобро би било да се изгмечени, а не мелени. Со ѕвездениот анасон не треба да претерувате, доволно е да ставите мала количина, онолку колку што е доволно за да се даде посебен вкус (шмек).

Фото: Пиксабеј

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!