Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Рецепт за мафини од брокула полнети со фета-сирење и јајца
Мафините се одлично решение кога сакате појадок што лесно се подготвува и кој на сите ќе им се допадне. Покрај познатите слатки верзии, ви предлагаме да ги пробате и солените мафини. Овој рецепт ќе им се допадне дури и на пребирливите луѓе, а комбинацијата од разновиден зеленчук, фета-сирење, пармезан и варени јајца е едноставно совршена.
Препорачано
Состојки:
– 4 јајца
– 1 брокула
– 1 лажица јаболков оцет
– 1/2 кромид
– 1/2 морков
– 1 пиперка
– 60 грама фета-сирење
– 1 лажичка италијански зачин
– 60 грама пармезан
Подготовка:
Брокулата исечкајте ја на помали цветчиња, па ставете во длабок сад со вода во која сте додале оцет. Оставете го така 10 минути. Потоа, брокулата изрендајте ја и измешајте ја со две јајца, па посолете и зачинете. Промешајте да се соединат состојките, а потоа добиената смеса сипете ја во подмачканиот калап за мафини. Притиснете по дното и работ.
Печете во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути. Во меѓувреме, сварете ги преостанатите две јајца, а на малку масло во тава пропржете ги ситно исечканите кромид и морков. Кога зеленчукот ќе омекне, додајте ја и ситно сечканата пиперка.
Готовиот зеленчук ставете го во сад и додајте ги ситно сечканите варени јајца и издробеното фета-сирење. Посипете со италијанскиот зачин и сè добро соединете.
Наполнете ги мафините од брокула и посипете со пармезан. Вратете ги во рерна и печете уште 15 минути.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
31мин
-
55мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5