Фото: Wikimedia Commons

Рецепт за ладна супа од краставици, освежува подобро од сладолед

Оваа ладна супа од краставици е инспирирана од шпанското гаспачо – се подготвува од свежи краставици и не се готви.

Кога температурата во термометарот ќе се искачи над 35 степени, сакаме освежителни и ладни јадења околу кои не треба да се трудиме премногу.

Оваа ладна супа направена од свежи краставици е совршен избор. Со добар блендер или секач за зеленчук може да се подготви за помалку од пет минути.

Послужете ја како ладно предјадење или ужина во топол летен ден.

Состојки:

– 600 грама свежи краставици

– 150 грама грчки јогурт

– 3 гранчиња свежо нане

– 1 лимета

– грст свеж власец

– сол и бибер по желба

Подготовка:

Излупете ги краставиците, исчистете ги семките и исечете ги на коцки. Ставете ги со грчки јогурт во сечкачот за зеленчук или во блендерот и претворете ги во густа супа. Во блендерот додајте ги и свежите билки и сокот од една лимета. Посолете и зачинете по желба.

Супата од краставици послужете ја ладна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот