Фото: Rimma Bondarenko / Alamy / Alamy / Profimedia

Рецепт за домашен сладолед од праски, потребни ви се само 3 состојки!

Доколку сте љубител на сладолед и постојано пробувате нови вкусови и нови начини на подготовка на овој најомилен летен деликатес, тогаш најдобро е да ги засукате ракавите, да прошетате до кујната и да подготвите неверојатно вкусен сладолед што ќе ве воодушеви со својот вкус.

Домашниот сладолед од праски е совршено освежително задоволство, а за неговата подготовка ви се потребни само три состојки!

Состојки:

– 500 милилитри слатка павлака

– 500 грама праски

– 150 грама шеќер

Подготовка:

Пред да почнете со подготовката на сладоледот од праски, убаво измијте ги и излупете ги праските. Потоа исечкајте ги на мали парчиња и ставете ги во мало тенџере. Во истиот сад додајте малку вода и оставете ги праските кратко да се варат. Кога овошјето ќе омекне, исцедете ја водата и убаво миксирајте ги со рачен блендер.

Добиената смеса од праски, префрлете ја во друго тенџере и во него додајте го шеќерот. Загрејте ги состојките и мешајте додека убаво не се соединат, а шеќерот комплетно не се стопи.

Вака подготвената смеса тргнете ја настрана и оставете ја да се излади.

Во друг сад изматете ја слатката павлака, а потоа соединете ја со смесата од праски и шеќер. Убаво изматете. Добиениот сладолед од праски, оставете го да се излади најмалку 3 часа пред да го послужите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот