Фото: Pexels / Alesia Kozik

Рецепт за брз ручек за целото семејство подготвен за 20 минути! Не ви е потребен шпорет

Никој не сака да стои покрај шпоретот и да готви на оваа топлина, затоа постојат феноменални оброци кои се брзи за подготовка.

Салатите се дел од познатата медитеранска исхрана, која се смета за една од најздравите во светот. Тајната е во здравите состојки, чија основа е зелената салата, туната и маслиновото масло. Можете да додадете состојки по желба. Брзо, лесно и вкусно!

Состојки за 4 лица:

– 2 лименки туна на парчиња
– 1 голема зелена салата
– 2 авокадо
– 8 лажици слатка пченка
– 1 голема краставица
– 2 големи домати
– 1 мала главица црвен кромид
– 8 маслинки
– 50 грама ореви
– 25 грама семки од сончоглед
– 150 грама фета-сирење
– сол по вкус
– оцет
– маслиново масло
– свеж босилек

Фото: Pexels / Nadin Sh

Подготовка:

Исцедете ја туната и издробете ја со виљушка.
Измијте ја и исечкајте ја зелената салата.
Излупете го и ситно исечкајте го црвениот кромид. Излупете ја и исечете ја краставицата на кругови. Измијте ги и ситно исечкајте ги доматите. Исечете ги маслинките на половина.
Измешајте зеленчук, туна, авокадо, фета-сирење исечкано на коцки, ореви и семки од сончоглед. Зачинете со сол и маслиново масло и балсамико оцет. Посипете со листови босилек.
По желба можете да додадете и други зачински билки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот