фото: EPA-EFE/J.J.GUILLEN

Реал Мадрид не планира да се раздели со тренерот Анчелоти

И покрај шпекулациите за можно заминување, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез инсистира да остане Карло Анчелоти на тренерската клупа.

– Не сакам повеќе да слушам за тоа, тој има договор и ние сме среќни – рече Перез, а пренесува шпанската „Марка“.

Реал Мадрид во саботата го освои „Копа дел Реј“ откако во финалето ја совлада Осасуна со резултат 2:1.

Италијанскиот стратег претходно изјави дека ќе работи во клубот до крајот на договорот во 2024 година.

Анчелоти го води Реал Мадрид од 2021 година, и овој мандат дојде до титулите во „Ла Лига“, шпанскиот Суперкуп, Лигата на шампионите, УЕФА Суперкупот и Светското клупско првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот