Реакција на срамното навивање на „гробарите“: Говорот на омраза треба да се санкционира

Фото: SEHA - Gazprom League

Бурни реакции во јавноста предизвикаа вчерашните случувања на натпреварот помеѓу Партизан и Вардар одигран во Белград во рамките од СЕХА лигата, а кој заврши со победа на домаќините од 28:22.

Претседателот на Партијата на Македонците во Србија, Горан Илијевски, во име на сите македонски навивачи на Партизан реагира и бара од ракометниот клуб да го осуди навредливиот транспарент и скандалозното навивање на „гробарите“ на вчерашниот натпревар меѓу Партизан и Вардар. Српските навивачи истакнаа транспарент со натпис „Група со српско име слави бугарски војник, мора да ви е тешко со таа идентитетска криза во главата“, реферирајќи на „комитите“ од Скопје, чие име, според „гробарите“, било српско.

Очекувам од Ракометната федерација на Србија и надлежните институции во Србија да реагираат на говорот на омраза и соодветно да го санкционираат, вели Илијевски.

Освен ваквиот транспарент во текот на натпреварот „гробарите“ скандираа: „Јужна Србија, никогаш Македонија“, а можеше да се забележи и грчко знаме веднаш до теренот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот