Разнесен далновод во Русија, нема повредени

Далновод / Фото: EPA

Во областа Гачин во Ленинградската област, на северозапад од европскиот дел на Русија, разнесен е столб за далновод, соопшти гувернерот Александар Дрозденко.

Тој изјави дека немало прекин во снабдувањето со електрична енергија, пренесува РИА Новости.

„На вториот (столб) е пронајден непознат предмет, најверојатно експлозивна направа“, напиша Дрозденко на Телеграм.

Според Дрозденко, експлозивната направа на вториот столб била отстранета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот