Разменувале епрувети со генетски материјал на паркинг во Делчево, казнети возачи на партнерски лаборатории од Скопје и Бугарија

Корона тестови/ Фото: EPA-EFE/LUONG THAI LINH

Основното јавно обвинителство поведе постапка против двајца возачи на комбиња од медицинска лабораторија од Скопје и медицинска лабораторија од Бугарија, за незаконско земање и користење генетски и биолошки материјал.

Тие биле фатени како примопредаваат 20 епрувети со крв и со урина на паркингот на Здравствен дом Делчево. Тие епрувети лабораторијата од Скопје, ги испратила во Бугарија на дополнителни испитувања.

Двајцата се лишени од слобода и признале дека добиле налог да го извршат примопредавањето на фрижидерчето со генетскиот материјал.

Обвинителството за нив одреди предлог казнен налог со парична казна од по 2.000 евра за секој и додека да заврши правосилно постапката, има мерка за обезбедување.

Од ОЈО Скопје за „Слободен печат“ велат дека надлежен јавен обвинител го известил Државниот здравствен и санитарен инспекторат да спроведе надзор во лабораторијата во Скопје и во зависност од резултатите, постапката ќе продолжи.

Возачи на возила од лаборатории од Скопје и Бугарија разменувале полни епрувети во Делчево

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот