
„Разбирам дека имаат деца, но…“: Дечкото на Џенифер Гарнер револтиран од нејзиниот однос со Бен Афлек
Американската пејачка Џенифер Лопез неодамна поднесе барање за развод од актерот Бен Афлек, по две години брак. Актерот најде утеха во поранешната сопруга Џенифер Гарнер, која му помага во тешките моменти. Сето ова, како што пишува „Дејли мејл“, тешко му паѓа на нејзиното момче Џон Милер.
Препорачано
Гарнер и Милер работат на подобрување на нивната врска, која наиде на проблеми поради нејзините обиди да му помогне на Афлек. Неколку месеци пред Лопез да поднесе барање за развод, Гарнер ја прифати улогата да биде нивен „брачен советник“, а некои од нејзините пријатели стравуваат дека таа била принудена да „игра посредник“ во нивниот брак. Нејзината улога во нивниот брак го налутила и Милер, кој не сака да ја „дели својата девојка“ со Афлек, иако разбира дека имаат деца, вели изворот.

Милер, според изворот, не се плаши од тоа дека Гарнер и Афлек ќе ја обноват врската, но му пречи што неговата девојка вложила толку многу енергија во бракот на нејзиниот поранешен сопруг.

Дечкото на актерката сега со нетрпение го очекува фактот дека целата сага меѓу Лопез и Афлек конечно ќе заврши, а тој и Гарнер ќе можат целосно да се посветат на нивната врска.
„Џон со нетрпение очекува да заврши целата драма околу Бен и Џеј Ло и да може да си се фокусира на Џен. И Џон и Џен се надеваат на тоа. Само ќе потрае некое време. И двајцата сакаат да бидат на подобро место“, истакна изворот.
Двојката не раскинала, а нивните пријатели „чувствуваат дека ќе бидат заедно уште долго време“.
Целата ситуација со Лопез и Афлек, според упатените, ги засилила чувствата кои Гарнер ги има кон својот партнер.