Еди Рама - Фотографија ЕПА, Јоргос Вицарас

Рама: Косово и Албанија може да се обединат само преку ЕУ – сè друго е бајка

Албанскиот премиер Еди Рама ја исклучи можноста за територијално обединување на Косово и Албанија во какви било други услови освен во Европската унија. Во интервју за „Клан Косово“ кое го пренесоа албанските медиуми, Рама рече дека „националното обединување значи само приклучување кон Европската унија, сѐ друго е бајка“.

Рама посочи дека старите регионални „формули“ од 19. и 20. век денес немаат место и дека приоритет треба да биде европската интеграција и зајакнувањето на меѓународните партнерства на Косово.

Изјавата доаѓа во време на засилени дебати околу европскиот курс на регионот и позиционирањето на Тирана и Приштина кон Брисел, но и на властите во Косово со Соединетите Американски Држави, кои го суспендираа Стратешкиот дијалог со Приштина поради активностите на тамошната техничка влада.

Според Вашингтон, владата во технички мандат „ги зголемила тензиите и нестабилноста“, со што „ги ограничила можностите за продуктивна соработка меѓу двете страни по заедничките приоритети“.

Кулминација на тензиите меѓу Вашингтон и Приштина – замрзнат стратешкиот дијалог САД-Косово

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот