фото: РК Охрид

Ракометарот Денис Тот на КАРИЛ се бори за живот, донесен е без срцева акција и без знаци на тепање

Ракометарот Денис Тот се бори за живот на КАРИЛ, донесен е без срцева акција и лекарите од Клиниката со кои контактираше „Слободен печат“ не можат да знаат колку време претходно бил без срцева акција. Директорката на КАРИЛ доктор Маја Мојсова Мијовска за Слободен печат рече дека ракометарот е на возраст од 27 години, а дека во болница бил донесен без знаци на видливи повреди. Информацијата ја потврдија и од МВР.

Ова во прашање ја доведува точноста и релевантноста на објавените информации дека Тот бил претепан во дискотека, кои сега се сомнителни, со оглед на тоа што медицинските професионалци задолжени да се грижат за здравјето на Тот не виделе ниту еден знак на физичко насилство врз него.

-Донесен е во Ургентен без срцева акција и вратен е во живот. Не можеме да знаеме што се случило претходно ама нема знаци на видливо насилство. Критична е состојбата уште, изјави доктор Мојсова Мијовска за Слободен печат.

Во болницата се претставници на амбасадата и на семејството и на клубот меѓутоа никој не бил со него пред вечерта пред настанот.

Станува збор за ракометар на Бутел, инаку од Хрватска.

За случајот со ракометарот се огласија и од МВР.

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека вчера (07.04.2022) во 04:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бессознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот и за тоа соодветно ќе ја известиме јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот